Кери: Историјата на Ф1 е како “лудачки костум“ за промени

Чејс Кери предупредува дека историјата и традициите на Формула 1 стануваат “лудачки костум“ кој не дозволува серијата да земе во предвид промени во форматот како што е обратниот грид.

Водечките лица размислуваат околу воведување на спринт трки со обратен грид како замена за квалификациите на одредени трки од календарот. Предлогот беше одбиен во 2020 година откако Мерцедес го блокираше и иако структурата на гласање може да донесе промени во иднина, изгледа дека има се повеќе опозиција.

Извршниот директор на Формула 1 во заминување, Чејс Кери, вели дека иако промените нема да бидат прифатени од традиционалните фанови, примерите од други спортови се добар пример и нудат корист.

Повеќето спортови кога разговараат околу промени, традиционалните фанови одбиваат. кога во бејзбол воведоа одреден ударач, никој не ја прифати идејата. НБА кошарката воведе линија за три поени, никој не го сакаше тоа. Додадоа тимови во плејоф, порано шампионите во лигите играа во Купот, оваа година имаше 16 тимови.

Во повеќето случаи, не сите, но во повеќето, тие промени на крајот беа позитивни, донесоа нова енергија, нова перспектива. Мислам дека треба да бидеме внимателни, не да си играме со спортот, да ја препознаеме историјата и важноста, но да не доведеме тоа да стане “лудачки костум’ кој нема да дозволи промени кои можат да го подобрат спортот за фановите – објасни американскиот шеф.

Кери истакна дека секоја промена во форматот ќе биде групна одлука и дека Формула 1 нема да диктира ништо на тимовите.

Мислам дека специфична одлука околу квалификациска трка ќе биде групна одлука. Од моја перспектива, нема да го диктираме тоа. Ќе разговараме, ќе направиме анализа на користа и ќе имаме искрена дискусија со сите. Важно е да се има став за партнерство и да не гледаме дали тоа е добро или лошо за еден тим, туку дали е добро за спортот. 

Тоа нема да му се допадне на секој фан, никогаш нема да имате 100 проценти и поради тоа мора да донесеме балансирана одлука за подобрување на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ