Кери најави: Блиску сме до нормален календар за следната година

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, најави дека спортот е блиску до финализирање на “речиси нормален“ календар за следната тркачка сезона.

Пандемијата која сеуште е во тек ги одложи првите 10 трки од оваа сезона, но челниците на спортот успејаа да склопат календар од 17 трки, мешавина од историски патеки и веќе закажни трки во Европа. Освен трките од редовниот календар кои беа планирани сезонава, Формула 1 додаде дополнителни трки на Силверстон, Ред Бул Ринг и Бахреин, а промовираше и настани во Муџело, Имола, Нирбургринг, Турсија и Португалија.

следната тркачка сезона ќе изгледа повеќе како календарот кој го планиравме оваа година. ние сме глобален спорт, а реалноста е дека ова година се немаме тркано насекаде низ светот и речиси сите трки ни беа во европа.

скаме да се вратиме на тркањето во америка, да имаме трки во азија, да се тркаме насекаде низ светот, така што вжно е да докажеме повторно дека сме глобален спорт.

имавме трки на многу фантастични и историски патеки кои се дел од нашиор тедовен календат како силверстон, монца, монако и спа, така што е јасно дека историски клучните патеки во европа ќе продолжат да бидат дел од спортот, но мислам дека календарот следната година ќе биде многу повеќе балансиран – откри кери.

Американецот откри дека спортот е многу блиску до официјализација на календарот, иако има некои отворени прашања кои треба да се решат следните денови.

јасно е дека сме веќе длабоко во процесот на финализирање на календаротм речиси е готова работата, единствено има некои мали проблеми кои ќе ги расчистиме.

планираме календар за следната година кој ќе изгледа како нормален календар, како оној кој беше планиран за оваа година. навистиан никој не може да каже во кој статус ќе биде пандемијата следната година и како ќе успееме да се справиме со неа.

планираме тркачки викенди, планираме фанови и сезона која можеби нема да биде целосно вообичаена, но ќе биде враќање кон нормалното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ