Кери сака Фетел да остане во Формула 1

Главниот извршен директор на Формула 1, американецот Чејс Кери, изјави дека посакува и во иднина да го гледа Себастијан Фетел на гридот.

Иако се чини дека ќе се приклучи на Мерцедес или Рено или едноставно ќе се пензионира, поранешниот шампион го напушта Ферари на крајот на годината, тоа е сигурно. Но, се погласно се зборува дека Рено ќе потпише двегодишен договор со Фернандо Алонсо. 

Историјата е во право, хемијата е тука и има смисла за двете страни – изјави флавио Бриаторе за Алонсо и Рено. 

За Фетел, Герхард Бергер изјави дека ДТМ е одлична дестинација за четирикратниот првак. 

Сериозно, зошто да не. ТОј сеуште е на врвот и може да се натпреварува против најдобрите возачи. 

Но, Чејс Кери смета дека тој треба да остане во Формула 1. 

Нашите возачи се наши херои. Светот ги сака хероите. За некој со четири титули, тој е еден од нашите херои. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ