Кери со надеж: Фановите присутни на патеките на есен

Шефот на Формула 1, Чејс Кери, се надева дека спортот повторно ќе биде домаќин за фановите на патеките најдоцна до есен годинава.

Сите настани на првите осум трки во Европа од новиот календар, ќе се оддржат позади затворени врати, односно без фанови. Сепак, Кери се надева дека кога серијата ќе продолжи на прекуокеанските трки ќе има можност фановите да се појават на трибините.

Фановите се неверојатно важни. На повеќе начини, функционираме за фановите. Сакаме да имаме фанови на овие настани. Но мислам дека ја разбираме потребата за безбедност и ризикот кој сеуште постои и мора да превземеме чекори кон тоа. Сакаме да имаме фанови најбрзо штом сметаме дека е безбедно за сите кои ќе бидат инволвирани, за фановите и за тие во спортот.

Зборевме за цел да ги вратиме фановите на патеките на Есен. Можеби не на трибините, но на лимитирани настани. Целта ќе биде да ги вклучиме фановите, но на начин кога ќе сметаме дека е безбедно за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ