Кери: Спортот ќе биде силен догодина

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, откри дека пандемијата целосно го уништила бизнис планот на спортот, но е сигурен дека Формула 1 ќе се врати во вистинска насока следната година.

Либерти Медиа открија огромен пад на приходите за вториот квартал од годината од ланските 620 милиони долари на годинешни само 24 милиони долари порад тоа шт ово тие три месеци немаше ниту една трка, за разлика од лани кога имаше седум.

Приходите и во остатокот од сезоната ќе бидат ограничени затоа што трките се одвиваат без публика, барем до крајот на Септември.

реалноста е дека ако се вратиме на почетокот од оваа година, бевме онаму каде што планиравме и каде што зацртавме пред три години. очекувавме оваа година да биде значаен чекор напред, а следната дополнително да напредуваме. очекувавме раст согласно предвидувањата и со испорачување на ветеното.

на почетокот на годинава почувствувавме дека сме на вистинскиот пат и дека имаме предвидлив и лесно остварлив бизнис модел и испорачуваме долгорочен раст на спортот кој го целиме. јасно е дека вирусот го уништи сето тоа – вели кери.

Американецот смета дека како светот ќе се враќа во нормала следната година, така и состојбата во спортот ќе се нормализира.

во овој момент планираме 2021 година да биде нормална или колку што може поблиску до нормалата. не планираме ништо како оваа “вирус ера“, но не знаеме какви се ограничувања може да имаме во однос на посетите на трка и јавните собири.

веруваме дека светот мора да почне да рабти на начин на кој беше до сега. веруваме дека 2021 година ќе биде враќање во нормала и ние така го планираме нашиот бизнис. никој не можеше да го предвиди овој вирус.

Тој појасни дека пандемијата немала негативен удел врз телевизиските договори.

со оглед на долгорочната природа на договорите за пренос, мислам дека нема да има никакво влијание во однос на пандемијата. сите се нетрпеливи за она што не очекува на кус рок, но мораме да имаме верба, а гледањето на телевизија во период кога нема гледачи на патеката може да донесе само повеќе за телевизиите.

Во врска со можност организаторите да почнат да плаќаат за организација на трките доколу почнат да организираат трки со гледачи, Чејс откри дека таа тема сеуште е отворена.

договорите кои ги имаме оваа година која е уникатна се премногу измешани. првата трка на која размислуваме да има многу мал број на гледачи веројатно е муџело, но тој број да се зголемува на останатите трки кои следуваат. се надеваме не многу фанови, но постепено.

во некои земји владите сакаат уште од сега да имаат датум кога ќе може да се дозволат јавни собири, но нашите договори се многу испомешани и зависат од нашите партнери. има многу работи кои се движат и не може од сега да се предвидат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ