Кери ја нападна ФИА: Ф1 е премногу комплицирана

Чејс Кери, Главниот извршен директор на Формула 1, ја критикуваше ФИА кои го направиле спортот премногу комплициран за фановите преку нивните правила.

Правилата донесени од страна на ФИА ги покриваат сите делови од спортот, од техничка и финансиска гледна точка, но како што се развива технологијата, тие правила стануваат се покомплицирани.

Овие комплицирани правила се истакнаа неколку пати во годината – Рено беа дисквалификувани во Јапонија, додека Ферари имаа пад во перформансите во Америка по серија на технички директиви поради правилата со моторот.

Се разбира, сето тоа станува премногу тешко за фановите да ги следат правилата и кој ги воведува, а Кери смета дека ФИА треба да ги поедностави.

Имаме премногу комплицирани казни и правила. Имаме правилник од 100 страници. Мора да го доведеме бизнисот до точка каде ќе биде полесен за следење со помалку комплицирани нешта за фановите кои го следат.

Секогаш ќе биде комплициран спорт кој е брак од натпревар помеѓу спорт и технологија, но мора да го претвориме во нешто што фановите сакаат да го следат, кое ќе ги возбудува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ