Кери: Ќе додаваме трки, но и ќе отстраниме некои

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, вели дека спортот најверојатно ќе се откаже од некои трки во иднина, додека додава нови на календарот.

Либерти Медиа од скоро го зголемија бројот на трки во календарот, а максималниот број согласно новите правила кои ќе стапат на сила е 25, кој најверојатно ќе го достигнат во следните неколку години.

Проширувањето, надополнето со интерес од промотерите, ќе доведе до нови патеки на календарот, но исто така и отстранување на специфични патеки кои Либерти сметаат дека не носат доволно голема вредност во спортот.

Сега најверојатно се чувствуваме позитивно околу придобивките. Побарувачката продолжува и навистина позитивна, ширум целиот свет од местата кои се заинтересирани.

Имаме прилично полн календар со долгорочни договори, има граница што може да постигнеме, но мислам дека има уште можности. 22 трки е прилично полн календар, но мислам дека има простор за уште неколку.

Сакаме долгорочни партнерства, но како што направивме промени годинава, ќе додадеме трки и селективно ќе отстраниме некои. Има неколку елементи на кои дискутиравме околу трки со договори кои ги наследивме и тоа не е вредноста која ја сакаме.

Има позитивна страна, повеќе од колку што очекувавме и мислам дека има простор да продолжиме да растеме.

Кери исто така беше прашан околу ситуацијата со трката во Мајами и итноста која се бара од градот да донесе конечна одлука.

Има уште неопходни чекори на многу краток рок, реалноста е дека за 2021 година навистина мора да најдеме решение што побргу, во следните неколку месеци, за да има трка во 2021 година, така што имаме време.

Реалноста е дека повеќето од договорите се готови, комерцијалните договори се готови и сега е повеќе прашање на политика.

Но надвор од мои раце е да ја решам локалната политика. Се надеваме околу Мајами, но ќе видиме што ќе се случи во следните недели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ