Кими позитивен на корона вирус, Кубица се враќа на гридот

Роберт Кубица ќе добие шанса за трка во Формула 1 годинава откако Кими Раиконен имаше позитивен тест за Ковид-19.

Утрово ФИА објави дека во пресрет на последната тренинг сесијан а Зандворт, возаот на Алфа Ромео, Кими Раионен, имал позитивен тест на корона вирусот, по што мора да изолација.

фиа, формула 1 и алфа ромео потврдуваат дека во текот на пцр тестирањетн за холандското гранд при, кими раиконен имаше позитивн ковид-19 тест. согласно ковид-19 протоколите кои се на сила, тој повеќе нема да учествува во настанот, а сите негови контакти се посочени – гласи соопштението од трката.

Во својата објава, Алфа Ромео велат дека финецот нема никакви симптоми и е во добро расположение

тој веднаш почна со изолација во својто хотел, а тимот врши истрага на неговите блиски контакти со цел да нема понатамошно ширење на заразата на овој настан.

Тоа значи дека резервистот на тимот, полјакот Роберт Кубица, ќе добие шанса да се трка, прв старт за него од крајот на 2019 година кога се тркаше за Вилијамс. Тој е еднократен победник на трка во својата Формула 1 кариера која траеше од 2006 до 2010 година, но имаше страшна рели несреќа по ој долго се опоравуваше.

Кубица веќе има искуство со Ц41 болидот на Алфа Ромео откако неколку пати го тестираше, а ќе го користи својот вообичаен број 88. Тој ќе има можност да се прилагоди на третата тренинг сесија утрово.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ