Кими цели на победа една година по ланскиот триумф

Кими Раиконен се враќа на патеката каде ја оствари својата последна Гранд При победа на ланската трка во Тексас во болидот на Скудерија Ферари. Финецот има одлични спомени од патеката иако е свесен дека неговиот Алфа Ромео не е споосбен за повторување на ланските успеси.

Минатата година на КОТА Кими стигна до својот 21ви триумф во Формула 1 кариерата, но годинава нема поени на ниту една трк во вториот дел на сезоната по крајот на летната пауза. Не ја заврши трката на Ерманос Родригез, второ откажување на последните четири трки, но се надева на многу повеќе од Америка.

имам одлични спомени од остин особено од минатата година, но тоа воопшто не е важно штом стапнам во болидот и излезам на патеката викендов.

секоја нова трка е нов и поинаков предизвик на кој морам да се фокусирам на својата работа доколку сакаме да стигнеме до поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ