Кина може да одржи две последователни трки годинава

Кинеското Гранд При може да биде домаќин на две последователни трки во 2020 година. Моментално, првите осум трки од календарот се потврдени за европската фаза. Според одредени извори, Кина се приклучи на Бахреин, Абу Даби и Сочи како патеки кои се подготвени да одржат две последователни трки подоцна во 2020 година, додека Формула 1 се обидува да го подготви календарот за барем 15 трки.

Според истиот извор, Формула 1 сега нуди услови со половина од давачките за одржување на втората трка на истата патека. Руското Гранд При најверојатно ќе одржи втора трка доколку Азербејџан не е во можност, сценарио кое може да се случи бидејќи Баку се вози на секојдневни улици.

Трката во Сингапур исто така, која е закажана за 20 Септември. Организаторите изјавија дека не е возможно да се одржат трки без фанови. Виетнам се очекува да дебитира во Ноември, но огранизаторите изјавија дека не се подготвени за две трки. 

Мексико, Америка, Јапонија и Бразил се под сомнеж годинава, иако се очекува да се одржат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ