Рестрикциите во Кина се намалија, организаторите сакаат враќање на трката

Организаторите на Големата награда на Кина почнале разговори со Формула 1 за организација на овогодинешната трка откако рестрикциите поради пандемијата почнаа на големо да се олабавуваат во најбрзојната земја во светот.

Формула 1 немаше трка во Кина минатите три години поради Ковид-19 пандемијата и рестрикциите согласно “нула ковид“ принципите на кинеските власти. Трката беше на провизорниот календар за 2023 година, но беше потврдено дека нема да се одржи, а заменска трка сеуште не беше именувана, така што календарот за 2023 година брои 23 настани.

На крајот на минатата година, по големи протести во земјата, кинеские власти го укинаа карантинот за оние кои ќе пристигнат во земјата од 8 Јнуари како дел од олабавување на рестрикциите. Потоа, организаторите веќе имале првични дискусии со Формула 1 за враќање на трката.

На провизорниот календар, Кинеското Гранд При требаше да се одржи од 14 до 16 Април, две недели по трката во Авсстралија и две недели пред трката низ Баку. Логистиката во однос на пренесување на опремата на Формула 1 екипите почнува на крајот на Јануари по поморски пат, така што има доволно време за одговорните луѓе да го вратат Шангај во календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ