Ф1 календарот потврден, нема замена за Кина

Претсојната Формула 1 сезона ќе биде сочинета од 23 трки, беше потврдено од страна на спортот, а замена на Кинеското Гранд При кое 4та година по ред беше откажано нема да има.

Првичниот календар иамше 24 настани, а тркачкиот викенд во кинекси Шангај требаше да се случи на 16 Април, но поради рестрикциите кои најбројната земја во светот ги има сеуште како последица од пандемијата, трката е повторно откажана. Тоа направи голема празнина во календарот од Гранд При трката во Австралија на 2 Април до градската трка во Баку на 30 Април, но челниците на тркачката серија одбраа да не додаваат настан како замена за Кина.

Организаторите во Баку бараа мало поместување на нивната трка поради страв од времето во периодот кој го добија за органиација, спортот го разгледа нивното барање, но идејата не беше одобрена, особено поради фактот што во тие моменти се размислвуаше за замена на Кина со Португалија.

Кинезите неодамна побараа враќање на нивната трка во календарот особено по напушање на “нула Ковид“ принципот од страна на тамошните власти, но не добија “зелено светло“ за враќање во календарот.

Во однос на техничките правила со календар од 23 трки, секој возач е ограничен на 4 менувачи за сезоната, а доколку имаше уште еден настан ќе добиеја 5. Бројот на моторите е непромент што значи три главни компоненти (мотор со внатрешно согорување, кинетички МГУ-К и топлински МГУ-Х дел како и турбо полнач).

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ