Кои се MSP Sports Capital, новите акционери во Мекларен

Мекалрен на одличен начин ја заврши турбулентната 2020 година откако со одличен пласман на Големата награда на Абу Даби го освои 3то место кај конструкторите на крајот од сезоната, нивни најдобар пласман од 2012 година.

Тешките три години со Хонда се целосно заборавен, екипата напредува со огромни чекори, а победата на Рејсинг Поинт или “розевиот Мерцедес“ само го потврди тоа.

Во денот кога Норис и Саинз со 5то и 6то место донесоа топ 3 констукторски пласман на тимот, беше објавено дека тркачката екипа продала удел од првични 15% на американски конзорциум предводен од МСП Спортс Капитал. Склчениот договор дозволува докупување на акции од екипата до максимални 33% за максимални 185 милиони фунти.

МСП Спортс Капитал се основани во 2019 година како ново партнерство помеѓу Џеф Моорад, Џам Наџафи, Арне Реес и Стив Васерман кои се 4та партнери на компанијата според официјалнито вебсајт. Согласно нивната мисија, тие ивнестираат во професионални спортски екипи, лиги и бизниси поврзнаи со спортот.

И пкрај тоа што компанијата е млада, нивното искуство е значително. Моорад е агент на спортисти уште на почетокот од 1980-тите години, посебно познат во американските спортови. Тој станал акционер и Главен извршен директор на бејзбол тимот Аризона Дајмондбекс во 2004 година, а 5 години подоцна го предводел купувањето на Сан Диего Падрес во истата лига во трансакција вредна над 800 милиони долари.

Џам Наџафи ја води Наџафи Компанис која е дел од конзорциумот вклучен во МСП Спортс Капитал. Тој има инвестиции во професионалната кошаркарска НБА лига преку удел во кошаркарскиот тим Феникс Санс.

Претходното моторспорт искуство на Моорад е тоа што го купи Наскар екипа во 2007 година заедно со Том Гарфинкел, кој е дел од проектот за Мајами Гранд При и Главен извршен директор на Мајами Долфинс НФЛ екипата. Во Наскар тој се сретнал со Главниот изршен директор на Мекларен, Зек Браун, по што следувала инвестицијата во тимот.

Веќе некое време МСП Спортс Капитал сакале да влезат во Формула 1, а Моорад потврди дека уште во 2018 година имале преговори со Форс Индија, нешто што било прва средба со Формула 1 за нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ