Копенхаген со минимална поддршка за Ф1 трка

Иако одржување на Формула 1 трка низ улиците на главниот град на Данска, Копенхаген, е далеку од реализација, локалниот градски совет гласаше во полза на исполнување на овој проект.

Предлогот за изведување на студија за ефектот кој Ф1 улична трка ќе го има над градот беше ставен за гласање пред 55 членови на градскиот совет минатата недела и истиот беше изгласан со минимална разлика од 1 глас, односно 28-27 ЗА.

Тоа значи дека проектот може да продолжи кон наредната фаза, што значи дека ќе се изработи студија како трката може да биде од полза за локалната економија, со надеж дека ќе продолжи да го развива туризмот во Копенхаген.

Во предлогот беше назначена трка низ улиците во центарот на градот, притоа користејќи го мостот Книпелсбро и мостот Лангебро, кои ги поврзуваат островот Зеланд и Амагер. Тоа всушност би била прва патека која ќе содржи два моста.

Поранешниот градоначалник, Јиландс Постен изјави дека патеката била консултирана со познатиот Ф1 дизајнер на патеки, Херман Тилке и потврдено е дека би имала минимална дисрупција на градот.

Патеката која ја понудивме до челниците на Формула 1 не е во финална верзија, но тоа е основата и доколку се потребни промени, истите ќе бидат минимални.

Патеката беше одобрена од Херман Тилке. Планираниот дизајн има многу малку пречки, земајќи во предвид дека е лоцирана во средина на градот.

Се претпоставува дека Либерти Медиа го поддржале првичниот договор за одржување на трка во Копенхаген во 2020 година, по одобрување на истата од градскиот совет. Но во ист момент, има конкуренција од понуда од страна на Формула Е серијата, која се надева дека ќе има предноста поради користењето на електрични агрегати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ