Крак: Работиме многу за секој подиум

Тимскиот шеф на Астон Мартин, посочи дека неговата екипа не ги зема здраво за готово четирите досегашни подиуми на Фернандо Алонсо, туку напорно работат на секоја следна трка.

Шпанецот стигна до својот 4ти подиум на последната трка во Мајами откако стартуваше од 2ро место во ситуација во која доминантните Ред Бул завршија 1-2. На пет извозени трки до сега тој дури четири пати заврши во топ 3.

мислам дека на почетокот од сезоната, секој подиум е фантастичен, но веќе имаме четири и јасно е дека сакаме повеќе, барем едно второ место. но, двата болиди на ред бул се непобедливи и се претерано брзи, така што можеби во монако или барселона ќе имаме некаква шанса – смета алонсо.

Тимскиот шеф Крак побара да се остане реален и серијата од подиуми да не се смета како нешто здраво за готово со оглед од моќните Мерцедес и Ферари кои моментално се зад нив.

мораме да останеме приземјнени и да не сфаќаме на подиумот како нешто што ни е дадено. многу напорно работиме за секој подиум и имаме многу, многу силна конкуренција. ако сме на 100% цело време, тогш стигнуваме до подиум.

Наместо да ги стигнуваат Ред Бул, Крак посочи дека екипата треба да има за цел да си го задржи 2то место кај конструкторите. Ферари се многу силни на квалификации, но на трка се неконстантни и лошо управуваат со гумите, додека Мерцедес се посилни на трка и најавија многу новини за Имола. Доколку двете екипи значително напреднат како што најавуваат, се очекува тешка задача за Астон.

ќе биде многу тешко затоа што следуваат три трки по ред, а монако е во средината, така што логистиката ќе биде извонредно тешка. сите ќе носат нови делови и тоа ќе биде дополнителна работа за да се разберат тие новини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ