Крак се надева дека Фетел ќе зажали што се откажал од Ф1

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, се надева дека неговиот веќе поранешен возач, Себастијан Фетел, ќе зажали што се повлекол од Формула 1.

Четирикратнот првак стави крај на својата Ф1 кариера по крајот на минатаа година како еден од најсуепшните возачи во исоријата на спортот со над 50 Гранд При победи и четири титули, иако пензионирањето го дочека тркајќи се во средниот ред.

кога формата беше добра како во сингапур и на сузука, тој беше задоволен и среќен и кога ќе го чуевте на радио, знаевте за тоа. беше бистар и целосно внесен во трките. се гледаше дека на последните трки дава повеќе повратни информации од било кога и ги мотивира сите колку што може повеќе.

морам да му кажам капа доле за се што направи, не му беше лесно што понекогаш отпаѓаше во првиот квалификациски дел, но никогаш не ја спушти главата туку продолжуваше да поддржува и да мотивира. мило ми е што беше дел од нашата екипа и навистина е штета што реши да се пензионира, но се надевам дека ќе зажали – изјави крак.

На местото на Себ во тимот дојде двократниот првак Фернандо Алонсо кој потпиша повеќегодишен договор со екипата од Силверстон. Шпанецот не го бие добар глас во екипите со кои работел, но Крак не насетува никакви проблеми.

јас сум само дел од тимот и за мене е важно тој да се интегрира што поскоро. не сме на различни страни, дел сме од тимот што значи дека мораме да бидеме отворени и транспарентни.

ако нешто не можеме да направиме, сигурно дека ќе му кажеме и заедно ќе решиме по кој пат ќе одиме отворео и искрено исто како што ќе му ги кажеме причините за тоа. сигурен сум дека проблеми нема да имаме.

моја цел е фернандо да стане клучен член на нашиот тим на долг рок и сакаме да имаме што поголема корист од искуството кое го има. годините не се пречка, мислам дека има уште доста пред себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ