Крак: Фетел е доста позитивен за следната година

Мајк Крак изјави дека тимот се надева дека ќе го задржи Себастијан Фетел и за наредната година за што водат веќе преговори.

Соработката на Фетел со Астон Мартин почна во 2021 година и досега нема некоја плод поради тоа што тимот потфрли во правењето на конкурентен болид. Минатата сезона Фетел заврши седум пати во топ 10, но сезонава е во поени на само четири трки. 

Почнавме со разговори. Себ е доста позитивен и конструктивен и мислам дека ќе продолжиме. Можеби инвестицијата конечно ќе се исплати и ќе имаме успех. Сигурни сме дека ќе успееме во преговорите. – посочи крак.

Иако нема за што да се радуваат оваа сезона, Строл и Фетел сеуште се позитивни. 

Мислам дека треба да им симнеме капа на двајцата возачи како се справуваат со предизвикот. Не можам да кажам лош збор. Се гледа дека е фрустрирачки тоа што се случува. Ленс и Себ се конструктивни на состаноците и сакаат да одат напред.

Крак изјави дека сеуште работа на нивниот болид, но наскоро може да го променат фокусот на наредна година. 

Работата на развојот на болидот продолжува, но имаме план ако треба да го смениме фокусот. Очигледно мора да се адаптираме според резултатот од воздушниот тунел и сигурни сме дека ќе напредуваме. Мора да најдеме баланс за актуелниот болид и работата на наредните. Тешка одлука, но не смееме да ја заборавиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ