Кризата нема негативно влијание над промотерите, вели Кери

Влијанието на КОВИД-19 над тркачките промотери во Формула 1 немало негативно влијаение, ниту пак ќе влијае над идните настани, смета Главиот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери.

Оригиналниот календар за 2020 година беше драстично променет, а половина од трките беа откажани поради ефектите од Корона вирусот. Но, Формула 1 сеуште планира да одржи календар во 2021 година сличен на првичниот за оваа сезона, а според Чејс Кери, ниту еден од настаните не реагирал негативно.

Имаме неколку договори кои мора да ги исполниме, а во кои ќе мора да платиме. Нема влијание над тоа, а тие преговори почнаа пед Корона вирусот и нема да има негативен ефект.

На краток рок, сите се прашуваат колку долго ќе трае вирусот, Но мислам дека светот полека ќе почне да се опоравува, се ќе почне да функционира и на некој начин, ќе има побарувачка за тоа.

Локациите на кои присуствуваме се многу туристички пристапни и светски дестинации, а поради тоа нашата платформа е толку важна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ