Кубица свесен дека е пред крајот на кариерата

Полјакот Роберт Кубица, возачот кој доби две тренинг сесии со Алфа Ромео оваа сезона, признава оти е свесен дека неговата тркачка кариера е пред крајот.

Победникот на Канадското Гранд При од 2008 година се беше резерва во Алфа Ромео оваа сезона, а лани го менуваше Кими Раиконен кој поради поитивен Ковид-19 тест мораше да паузира во Холандија и Италија. Двата тренинга кои годинава ги одработе беа на француски Пол Рикар и на последната трка во Абу Даби.

не знам дали абу даби е моето последно возење, можно е. единствена причина поради која што сеуште сум во спортот е шансата да бидам резерва, но веројатно абу даби е крајот.

моите поддржувачи од орлен се главни партнери на алфа ромео и треба заеднички да решиме што сакаме и на каде да се движиме. што и да биде, дали ќе биде со оваа или друга екипа, ќе видиме дали јас можам да бидам вклучен затоа што јас не сакам да бидам во формула 1 ако не сум корисен – посочи кубица.

Полјакот посочи дека е свесен оти Формула 1 кариерата му е пред крајот и дека секогаш бил реален во врска со своите шанси. Последната негова тркачка сезона во Формула 1 беше во Вилијамс во 2019 година по што беше заменет од Николас Латифи.

јасно ми е дека доаѓа крајот, јас секогаш сум бил многу реален. да бидеме искрени, имаме 38 години и нема да сум изнеанден ако повеќе нема место за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ