Кубица добива тренинг во Шпанија

Роберт Кубица се враќа во Формула 1 со Алфа Ромео, каде е резервен и тест возачи, а тимот реши да му додели петочен тренинг во Шпанија. 

Полјакот е резерва на Алфа Ромео од 2020 година и ќе го замени Гуанју Жу на првата сесија. Кубица имаше 99 стартови во досегашната Формула 1 кариера, а последно возење болид му беше лани на Зандворт во Холандија и на легендарната Монца кога го менуваше Кими Раиконен.

Роберт има искуство со болидот откако минатиот месец учествуваше на тестот на Пирели на Имола. Кинезот Жу ќе се врати на своите обврски попладнето за време на втората сесија. 

Алфа Ромео во моментов е на 5та позиција кај конструкторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ