Кубица доби петочна сесија во Франција

Полјакот Роберт Кубица викендов ќе се врати зад воланот на болидот Алфа Ромео Ц42 за првиот слободен тренинг во Франција.

Кубица е дел од тимот на Алфа Ромео од 2020 година, работејќи како тест и резервен возач. Полскиот возач имаше голем број на Т1 возење за оваа екипа и учествуваше на две трки минатата година кога Кими Раиконен беше позитивен на тестот за Ковид-19.

Кубица седна зад воланот на болидот претходно оваа година на Шпанското Гранд При за време на Т1, заменувајќи го дебитантот Жу Гуанју.

Во оваа прилика, поранешниот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе се тргне настрана на отворањето викендов за да му даде на Кубица повеќе време на патеката.

Француското ГП е домаќин на 12та трка во 2022 година, а првата тренинг сесија започнува во Петок во 14 часот по локално време, исто и по наше, македонско.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ