Кубица свесен дека не е во Ф1 бидејќи не е доволно брз

Роберт Кубица изјави дека не е повеќе дел од Формула 1 гридот бидејќи луѓето сметаат дека тој не е доволно брз.

35-годишниот полјак имаше сензационално враќање во спортот со Вилијамс во 2019 година, осум години по неговата несреќа во рели првенството. Но сега, тој признава дека е можно да замине и како резервен возач на Алфа Ромео во 2021 година.

Ќе видиме што ќе донесе иднината. Најпрвин, ќе видам што ќе правам како возач, каде ќе возам, а потоа дали тоа може да се искомбинира со мојата сегашна улога. 

Минатата година имаше последици. Ако се одвиваше поинаку, можеби сега немаше да дискутираме, ќе бев на патеката. Не сакам да навлегувам во детали, но оваа година покажав дека можам да возам доколку имам правилни услови и не сум толку позади сите останати.

Можам да посочам одредени ситуации од минатата година, но да кажеме само дека беше многу тешко. Има денови кога можам да покажам дека сум способен да возам брзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ