Кубица ќе го менува Кими и на Монца

Роберт Кубица ќе се трка за Алфа Ромео и викендот кој следува откако Кими Раиконен имаше позитивен корона вирус тест во пресрет на Големата награда на Холандија пред една недела.

Во пресрет на утринската тренинг сесиај во Сабота, тимот откри дека Раиконен е во самоизолација во хотел откако имал позитивен тест на Ковид-19, по што полјакот Кубица како нивни резервист го замени на остатокот од тркачкиот викенд. Тоа беше прво појавување за Роберт на трка по 2019 година која ја заврши во Вилијамс, а пласманот не му беше лош, финишираше како 15ти.

Со посебна дозвола и приватен авион, Кими се врати во својот дом во Швајцарија по трката, но Алфа Ромео денеска објавија дека тој ќе пропушти уште една трка и нема да се трка на Монца викендов.

алфа ромео рејсинг потврдува дека резервниот возач роберт кубица ќе продолжи д ги извршува задачите на кими раиконен и на претсојното италијанско гранд при.

кими ја пропушти минатата трка на зандворт поради позитивен ковид-19 тест и сеуште нема дозвола да се врати на трка. согласно здравствените барања, тој сеуште е во изолација во својот дом.

роберт, кој беше извонреден во холандија откако во последен момент во сабота наутро влезе во болидот пред третрата сесија, ќе се врати во болидот крај антонио џовинаци – изјавија од алфа ромео.

На ова, полскиот возач додаде:

пред се сакам да му посакам се најдобро на кими. се надевам дека целосно ќе оздрави и ќе се врати наскоро во кокпитот. нетрпелив сум да се тркам на монца, неверојатна патека каде за прв пт дојдов до подиум во 2006 година.

за разлика од зандворт, тоа е патека која одлично ја познавам и тоа ќе ми помогне, особено поради тоа што ќе има спринт квалификации, формат кој значи дека ќе има една тренинг сесија помалку.

среќен сум со тоа што го направив во холандија и не можам да дочекам да се вратам во тимот уште еднаш, овој пат во монца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ