Култхард би ги избркал возачите на кои им смета потскокнувањето

Дејвид Култхард најави дека треба да се дебатира за потскокнувањето, но сепак, доколку на некој возач му смета или е загрижен за здравјето поради потскокнувањето нека си замине. 

Со новите технички правила за оваа сезона се појави феноменот на потскокнување кое се јавува како аеродинамички феномен предизвикан од земјениот ефект кој ја создава потисната сила.

Се е до тоа како се разбираат правилата.Со Адриан Њуи работевме во Вилијамс и тој често кажуваше дека ги чита правилата како се напишани, но го бара и делот што не е напишан. Тоа што не е напишано тој го дизајнира бидејќи бара дупка која ќе му донесе предност. Тоа има смисла нели?

Доколку направиш нешто што е големо и го собира во кутијата како ќе си подобар од конкурентите. Со правилата секогаш се прави еволуција – објасни шкотланѓанецот. 

Култхард разбира дека некои тимови се повеќе загрижени од другите. 

Тие што се мачат се погласни од тие што имаат резултати. Сите дизајнираат според исти правила. Ситуацијата е дека тимот кој подобро си ја завршил работата, ќе освои поени и нема да имаат здравствени проблеми неговите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ