Култхард најавува жена во Ф1 во следните 10 години

Дејвид Култхард смета дека зголемената поддршка во алтернативните тркачки серии ќе донесе жена во Формула 1 во следните 10 години.

Последната жена која официјално се појави на Гранд При викенд беше Џована Амати која не успеа да се квалификува за Бразилското Гранд При во 1992 година. Лела Ломбарди беше последна која се појави на главната трка и тоа се случи на Шпанското Гранд При во 1975 година.

Најсвежи се сеќавањата не тестирањето на Сузи Волф за Вилијамс во 2014 и 2015 година, а развојни и тест возачи за Ф1 екипите беа и Татиана Калдерон и Џеми Чадвик. Формула 1 дури основаше и В серија каде трикратен првак беше токму Чадвик, а од годинава започна женската Ф1 Академија.

секогаш сум давал голема поддршка на жени во моторспортот и бев вклучен во В серијата, како сеќавање на мојата сестра, но и во програмата More than Equal, која поддржува млади девојки во каритнг серии.

прашање е само на време затоа што се повеќе млади девојки доаѓаат во картинг и ние им даваме поддршка како што своевремено имале Верстапен и Хамилтон со цел да го покажат својот талент. следните 10 години верувам дека ќе видиме жена на Формула 1 гридот – сигурен е шкотланѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ