Култхард за разликите помеѓу Алонсо и Шумахер

Формула 1 легендата, шкотланѓанецот Дејвид Култхард, има своја теорија зошто Фернандо Алонсо има многу подобри перформанси од Михаел Шумахер на истата возраст.

Нандо има 4 подиуми на првите пет трки од сезоната и се наоѓа на 3то место во возачкиот поредок, единствено зад двата возачи на Ред Бул. Шпанецот има 41 година и е убедливо најстар возач на актуелниот грид.

Црвениот барон, Михаел Шумахер, се врати во тркачката серија со Мерцедес на три години во 2010 година, но се мачеше да најде форма, макар блиска до неговата шампјонска слава. Иако “сребрените“ тогаш имаа 4ти најбрз болид на гридот, неговиот тогашен колега, Нико Розберг, беше редовно подобриот возач на тимот.

кога алонсо замина од формула 1 првиот пат, веднаш се префрли на трки со спортски автомобили и индикар, а возеше и дакар, има своја картинг патека каде константно возеше во шпанија. тој никогаш не прекина да биде возач, возеше се и сешто, беше во форма, се одржуваше фокусиран, едноставно, не дозволи да остари.

ако го пуштите старецот во вашиот живот, станувате таков, остарувате, но ако се борите против тоа, го заджрувате младиот дух се додека природата ви дозволува.

споредено со михаел, тој кога сопре повеќе не се тркаше, си играше со мотори, падна и ги скрши ребрата, а потоа се врати во формула 1 по три години, беше неверојатен, но беше далеку од својата препознатлива форма и беше јасно дека часовникот кај него одбројал.

мислам дека природата на времето на фернандо надвор од формула 1 беше како она на кими раиконен во формула 1, кој престана, но беше активен во рели – објасни култард.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ