Ландо свесен: Тешко до титула пред 2025

Ландо Норис верува дека ќе има шанса за титула со Мекларен, но дека тешко е да се очекува тоа да биде пред 2025 година.

Тој влегува во својата 5та Формула 1 сезона откако дебитираше со екипата од Вокинг во 2019 година и остана со нив. Неговиот договор е валиден до крајот на 2025 година, откако двете страни пред една година се договорија за продолжување на соработката.

Во 2021 година тој беше блиску до победа на Монца, но откако неговиот колега Рикардо беше прв на таа трка, се надева дека триумф ќе дојде годинава, иако Мекларен се во процес на изградба на инфраструктура и се што е потребно за сериозно да нападнат.

со се што научив, можеби можам да победам на трка, но тешко дека можам да освојам титула многу брзо. знам дека треба да сум врвно подготвен за тоа – свесен е младиот британец.

Тој важи за еден од најголемите таленти, заедно со Макс Верстапен, Шарл Леклер и Џорџ Расл, а свесен е дека и неговото време ќе дојде.

мислам дека сум чесен губитник, но секогаш сум бил многу строг кон себе. многу сум критичен кон своите перформанси, секогаш анализирам што можам подобро и што можел тимот подобро.

сакам да слушам и да давам свое мимслење затоа што го сакам тркањето повеќе од тоа што го знам, а тоа е добро перфекционист сум и се обидувам да дадам се од себе за да се подобрам.

мразам да губам, но губењето ми дава начин да сфатам што да направам подобро следниот пат – објасни норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ