Либерти размислуваат да го доведат Биното

Откако и официјално беше потврдена разделбата помеѓу Скудерија Ферари и Матиа Биното, се шпекулира дека доста екипи биле заинтересирани за неговите услуги, пред се Мерцедес и Ауди.

Тој има огромно техничко знаење затоа што долги години е технички шеф на екипата од Маранело. Според пишувањата на RMC Motori, Матиа Биното размислува да прифати улога во Либерти Медиа крај Стефано Доменикали на местото на Рос Браун за кого годинава е последна пред пензија.

Се анализира негов можен ангажман во Либерти, но се зборува и за негова задолжителна пауза поради знењето кое со себе го носи од Ферари, отсуство кое може да трае до шест месеци пред да добие дозвола да работи на друго место. Улогата која американците од Либерти ја посочуваат за него е технички консултант, но сеуште не се исклучува и место во нкој конкурент на гридот, за што Ферари секако дека би биле многу незадоволни.

Оставката на швајцарскиот инженер беше прифатена на 29 Ноември, но тој останува во тимот до последниот ден од оваа сезона, така што јасно е дека има многу големо знаење за Проектот 675, односно болидот за 2023 година. Се верува дека тој договорил отштета од 1,5 милиони евра за да замине од тимот, но сето тоа е само во рангот на шпекулирање.

Неговиот имиџ одлично би се вклопил во Либерти Медиа како замена за Рос Браун, а неговото познавање на хибридната технологија многу би помогнало на сопствениците на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ