Либерти незагрижени од огромната загуба

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеј, изјави дека не е загрижен околу средствата на компанијата во моменти кога спортот се труди да се избори по тешката 2020 година. 

Либерти пријавија дека приходите се намалиле за 44% од 2019 во 2020 година и имаат оперативна загуба од 386 милиони долари.

Мафеј е убеден дека финансиите ќе се средат оваа сезона со враќањето на гледачите на трибините. Либерти тешко го поднесе ударот на Ковид-19, а како сопственици на безбол тимот Атланта Брејвс и компанијата за организација на концерти имаат големи загуби.

Мислам дека предноста на Либерти е што имаме можност да гледаме напред и да видиме како може да им помогнеме на нашите компании. Финансиите се доста силни и Мислам дека сме добри поради што не сум загрижен за тоа. 

Мафеј изјави дека другите бизниси на Либерти веќе излегуваат од кризата. 

Сигурно немаме кристална топка за нашите бизниси, Но секогаш сме подготвени да се вратиме каде што сме биле. 

Тој најави дека ќе има и враќање на фановите на трките оваа сезона. 

Разгледуваме различни алтернативи за да ги вратиме фановите, Но мислам дека нема да има многу. Оптимист сум дека до крајот на годината ќе ги вратиме сите фанови на патеката.

Приходите сепак ќе бидат намалени, но тоа е нормално по ваква сезона. Нема како да предвидиме бидејќи сеуште не се случува ништо. 

Американецот очекува и зголемување на приходите од телевизиските права бидејќи минатата година имаше скратен календар. 

Очекуваме нормална сезона со 23 тки, Но сепак не знаеме што ќе биде со пандемијата. Наша цел е да се вратиме по тешката сезона и да понудиме нормална сезона. Тоа е наша желба и очекување, Но пандемијата може да го измени сето тоа.

Мафеј смета дека со новиот Конкорд договор ќе се генерира поголем дел од приходот. 

Со новиот договор очекуваме зголемен профит што делумно ќе се врати кај тимовите. Низ годините овие средства беа помали за нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ