Либерти размислува за дводневно Кинеско ГП во Ноември

Како што пренесува motorsport.com, опција за одржување на Големата награда во Кина е дводневен тркачки викенд во Ноември помеѓу Бразилското Гранд При и трката во Абу Даби како претпоследен настан сезонава.

Корона вирусот кој енормно брзо се шири во Кина ги натера промотерите да го одложат првично планираниот настан за 19 Април. Дури и пред да биде донесеа таа одлука, шефовите на спортот бараа алтернатива за трката да се одржи подоцна во текот на сезоната, но со толку полн календар едноставно беше тешко да се најде место.

Челниците на спортот гледаат можност трката во Абу Даби да се одржи една седмица подоцна од планираниот 29 Ноември, датум на кој би се возела трката во Кина. Но има и друг план според кој Абу Даби би си го задржал местото.

Можно е и одржување на три трки по ред и Кинеско Гранд При на 22 Ноември, по Бразил, а пред Јас Марина. Но, тука се јавуваат големи логистички проблеми во однос на пренесување на опремата од Сао Паолово во Шангај на време. За да се олесни тоа, се размислува за викенд составен од возење само во Сабота и Недела.

За таква промена треба поддршка од сите тимови на гридот, а сеуште не е јасно кој ќе биде за, а кој против ваквиот предлог со оглед на тоа што борбата за титула може сеуште да биде во полн ек во тој дел од првенството.

Барањето датум за сместување на трката во Кина е пред се мотивирано од 20-тината милиони евра кој Формула 1 ги добива од организаторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ