Лорен Роси се надева дека Гасли ќе биде технички лидер на тимот

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, се надева дека неговиот нов возач, Пјер Гасли, ќе го искористи своето големо искуство од различни екипи и ќе стане технички лидер на АлфаТаури годинава.

Алпин го земаа Гасли на местото на Фернандо Алонсо за оваа година и направија француски тандем заедно сос Естебан Окон со кого Пјер е пријател уште од детство. Гасли имаше можност да го проба болидот по крајот на сезоната на тестот во Абу Даби, а веќе официјално почнал да работи во Енстон и Вири.

се надевам дека ќе ни го донесе она што ни треба што всушност е продолжување со развојот на болидот затоа што во моментов сме на средината од поредокот и треба да го подобриме целиот пакет.

поради тоа ни требаат возачи кои се способни не само да возат брзо туку и да ни дадат повратни информации во која насока да се движиме и каде да се подобриме. тоа значи дека ни требаат петочни сесии за да пробуваме и да се движиме во позитивен правец.

токму таму се надеваме дека пјер ќе ни помогне. мислам дека ќе стане технички лидер на тимот на многу начини. така беше во алфатаури и очекуваме така да продолжи и кај нас, да донесе раст кај себе и во тимот и да стигнеме на ново ниво – посака роси.

Гасли дебитираше во 2017 година со Торо Росо и целата кариера, освен 12 трки за Ред Бул, вози за малиот тим од Фанеца. Победи за нив на Монца во 2020 година и им помогна следната 2021 година да ја имаат најуспешната сезона во нивната историја.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ