Лосаил ќе биде надградена пред трката во Ноември

Шефовите на Лосаил автодромот во Катар споделија детали за надградбите на патеката пред Гранд При трката во Ноември. 

Катар се појави на календарот како замена за некои откажани трки во 2021 година поради ковид правилата, а потоа земјата потпиша 10-годишен договор, кој почнува ова оваа сезонаи ќе биде редовна на календарот. Првата трка имаше доста проблеми бидејќи малите гаражи беа предвидени за МотоГП трки, а сега се планира проширување на падокот со дополнителни делови и паркинг. 

Како дел од надградбите, патеката ќе добие нов асфалт, но нема да биде променет изгледот. 

Формула 1 падокот е најмодерен и Не оставивме ништо по старо, а Собравме доста знаење од другите патеки. Боксовите сега се соодветни на Формула 1 стандардите и се поголеми.

Имаме 50 боксови и Мислам дека тоа ќе биде доволно. Промени има и кај тимските згради кои исто така Целосно се променети. Порано имавме еден тунел за влез и излез, сега имаме четири – изјави Амро Ал-Хамад кој е извршен директор на патеката.

Ал Хамад продолжи:

Светското фудбалско првенство заврши минатата година и Научивме многу лекции. Сите со нетрпение чекаа да ни помогнат со знаењето кое го собраа. Има многу работи кои доаѓаат за фановите, Но сите сакаат да го споделат искуството од светкото првенство. 

Иако патеката во Лосаил се надградува, сепак опцијата за улична трка во Доха не е заборавена. 

Имаме многу идеи. Некои работи може да се размислат, Но сеуште не може да дадеме некои новости. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ