Ф1 ќе раскине со Emirates, но веќе има соодветна замена

Големиот и богат спонзорски договор кој Формула 1 го има со Емиратс, авио-компанијата на Обединетите Арапски Емирати, нема да биде продолжен, но шефовите на спортот веќе пронашле соодветна замена за истиот.

Емиратс е еден од најголемите партнери на спортот од 2013 година, а договоро кој важи до крајот на оваа сезона беше потпишан во 2018 година со кој тие добија огромни можности за реклама на трките во календарот, свои фан зони, промоција и ВИП искуство за своите редовни муштерии.

RacingNews365.com пренесува дека за продолжување на соработката не се преговара, така што Емиратс ќе престане да придонесува со своие 25 милиони долари годишно колу што плаќаше на Формула 1. Но, челниците на тркачакта серија не седеле со скрстени раце и веќе имаат алтернатива во конкурент на Емиратс од Средниот Исток, неофицијално Катар Ервејс, кои би станале Глобапен партнер на Формула 1, нешто што во моментов се единствено ДХЛ и Хајнекен.

Минатата сезоа Формула 1 ја имаше првата трка во Катар, годинава ќе паузираат поради Светското Фудбалски првенство, а ќе се вратат догодина на новоизградена улична патека како замена за Лосаил.

Катарците имале претходна соработка со Главниот извршен директор на Ф1, Стефано Доменикали, додека италијанецот беше шеф на Ламборџини. Државниот фонд на пребогатата земја поседува 17% од Фоксваген Груп, чија сопственост е и Ламборџини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ