Магнусен изненаден што Хаас се брзи, а немаат новини

Кевин Магнусен е изненаден што болидот на Хаас останува многу конкурентен и покрај тоа што американската екипа не носи новини и подобрувања, а сепак тој се квалификуваше на 7мо место во Австрија.

За разлика од конкурентите од средината на поредокот, малиот американски тим најави дека ќе го подобри болидот во Франција, но тоа го одложи за крајот на овој месец, односно за Унгарското Гранд При.

Од новата трка во календарот која се одржа во Мајами се до Канадското Гранд При, тимот беше во криза и не освои поени, но на Силверстон имаа двоен топ 10 пласман. На вчерашните квалификации К-Маг и Мик повторно беа одлични и стигнаа до 7мо и 8мо место, а напреднаа по една позиција поради казната на Серхио Перез.

годинешниот болид е одличен, конкурентен е од почетокот на годината. имавме некои тешки трки и квалификации кои не беа добри, но најчесто сме доста конкурентни, но немаме среќа и се надевам дека работите ќе се свртат во наша корист и ќе можеме редовно да носиме поени.

во овој момент од сезонава да се биде толку конкурентен секако дека е изненадување и големо смирување за сите во екипата – посочи данецот.

Новините кои треба да стигнат во Унгарија ќе бидат единствените годинава за тимот и потоа ќе се насочат кон болидо за 2023 годна. Најголем дел од екипите донесоа новини на трката во Шпанија во Мај, нешто што е традиционално, а исто така доста нови делови беа промовирани и на Силверстон.

Шумахер се сложи со проценката на својот колега дека се изненадени што се толку конкреутни сеуште во средината на поредокот.

изненадени сме и тоа позитивно изненадени. оптимист сум дека кога ќе ги добиеме новите делови дополнително ќе напреднеме, но ќе видиме дали тоа ќе биде случај.

во добра серија сме и се надевам дека ќе продолжиме така и во австрија. имаме можност за поени на спринтот што е наша примарна цел. потоа се надеваме дека ќе бидеме во многу подобра позиција за трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ