Магнусен: Можевме повеќе на квалификациите

Хаас успеа со двата болида да влезе во топ 10, но Кевин Магнусен верува дека можел да има и подобар резултат. 

Болидите на американската екипа ќе стартува од седма и деветта позиција на спринтот откако болидите се покажаа како доста брзи на патеката во Австрија. Тимот последен пат освои двојни поени на Силверстон и повторно имаа силен ден. 

Магнусен призна дека можел и подобро од седма позиција доколку не се појавело црвеното знаме по излетувањето на Џорџ Расел. 

Бевме пребрзи и имавме одличен ден. Мислам дека можевме и побрзо, но ги освоивме овие позиции. Беше тешко со црвените знамиња и со ладните гуми и не беше идеално, Но сепак ова е одличен ден за тимот – посочи данецот.

Магнусен смета дека можел да биде пред Окон на 6та позиција. 

Загубив три десетинки во првиот сектор и подоцна надоместив, но не беше доволно. Мислам дека можев да сум пред Окон. 

Шумахер ќе стартува од 9та позиција откако своите први поени ги освои на Силверстон и тој смета дека може да е побрз. 

Штета што имаше црвени знамиња во К3 за да може да извадиме максимум. Ги форсирав гумите да се загреат, но не успевав во тоа. Утре треба да ја задржиме позицијата и да освоиме поени. 

Стаинер е сигурен дека има потенцијал во возачите и во болидот. 

Имавме одличен ден. На првиот тренинг немавме проблеми, а На квалификациите бевме одлични. Завршивме одлична работа како тим и утре треба да освоиме поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ