Магнусен сеуште жали за гнасните коментари кон Хулкенберг

Кевин Магнусен е вознемирен што неговата навреда кон Нико хулкенберг по дуел на патеката на трка стана главен момент по кој ќе се памти неговата Формула 1 кариера.

Во 2017 година по Унгарското Гранд При тие се тркаа за 10то место кон крајот на настанот, но Магнусен доби казна од 5 секунди поради тоа што го истурка германецот од патеката додека жестоко и во свој стил се бранеше.

За време на задолжителните изјави по крајот на трката, Хулкенберг дојде до Магнусен за да се разбере и тивко му кажа:

повторно најнеспортскиот возач.

На тоа нервозниот и казнет Магнусен експресно врати:

шмукај ми ги јајц*** срцка.

Таквата безобразна изјава на данецот го прогонува до ден денеска и тоа е нешто по што го паметат најголемиот дел од луѓето кои го гледат спортот.

она со хулкенберг ме прогноува до ден денеска и стана дури и непријатно и вознемирувачки за мене да зборувам за тој настан. има и други работи на кои се сеќавам од формула 1 кариерата, но оваа доби најголемо внимание, а не е нешто на што со задоволство се сеќавам.

зошто луѓето секогаш зборуваат за тоа мене ми е тешко да разберам затоа што за мене спортските работи и случувањата на патеката секогаш биле поважни – објасни к-маг.

Возачот со задоволство се потсетува на својот најдобар момент во кариерата, а тоа е почетокот на Гранд При трките за него, поточно на дебито на Големата награда на Австралија во 2014 година на која заврши на подиум со Меркларен.

ми се исполни сонот и никогаш нема да ја заборавам мојата прва трка. се плашев да не се разбудам, мислев дека сонувам и бев исплашен дека се е само сон и дека ништо околу мене не е реално – опишува кевин.

Таа трка Магнусен ја заврши на 2ро место, а подоцна се покажа дека тој подиум на првата трка е единствен во кариерата иако очекуваше многу повеќе.

тешко е да се знае однапред што ќе се случи. кога ја почнав мојата кариера во мелбурн во 2014 година имав многу големи очекувања, сметав дека ќе се борам за титула уште во мојата прва сезона по првата одлична трка.

никогаш не може да предвидите како ќе се промнат работите во формула 1 и поради тоа мора да уживате колку што можете повеќе додека сте успешен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ