Магнусен си ја исполни желбата, ќе се трка со татко му на Ле Ман

Кевин Магнусен ќе биде тиски колега со татко му Јан на овогодинешното издание на престижната 24 часа Ле Ман во ЛМП2 класата.

Откако данецот замина од Хаас на крајот на минатата сезона, направи трансфер во ИМСА шампионатот во Америка каде се трка за Чип Ганаси. Тој често зборуваше за својата желба да се трка на ленгдарниот Ле Ман и тоа со татко му кој е дел од престижната трка од 1999 година.

секогаш сме сакале да го направиме тоа, но стана потешко откако татко ми повеќе не беше фабрички возач. кога беше фабрички возач на корвета, имаше можност за мене затоа што тие можеа да ме стават како нивни возач на ле ман.

беше логистички многу тешко да се вози без подготовка, а и за корвета беше тешко да имаат еден возач на една трка, а да го немаат на останатите големи трки во годината.

сега повеќе татко ми не е фабрички возач и ќе треба да се тркаме во лмп2 или во гте-ам класат што е тешко затоа што двајцата сме платинумски возачи. со нашиот статус ќе биде тешко и мислам дека системот нема да ни дозволи. ќе биде тешко и за татко ми затоа што тој чека шанса да биде фабрички возач – изјави кевин на крајот на минатата година.

Но, татко и синот го направија токму тоа, најдоа можност да се тркаат еден крај друг во ЛМП2 класата за данскиот ти Хај Клас Рејсинг, а колега ќе им биде и Андерс Фјордбах.

одиме. татко и јас ќе се тркаме за иста екипа во лмп2 класата на овогодинешниот ле ман. нешто што со години се обидувавме да го направиме и што за мене е остварувањ на сонот – напиша кевин на твитер.

Јан има 22 настапи на легендарната трка и четири победи на истата во ГТ класата, а ова ќе биде прво негово возење во ЛМП2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ