Магнусен смета дека новините на Хаас се полн погодок

Кевин Магнусен смета дека новите делови на Хаас се полн погодок иако на Хунгароринг немаше некој јасен показател дека е тоа така.

Американската екипа беше последна која донесе новини на својот болид оваа сезона, иако и со причниот болид имаа одлични перформанси и резултати и на последните три трки два пати стигнаа до двојни поени. Магнусен беше единствен кој го доби новиот пакет новини на последната трка крај Будимпешта, затоа што поради големиот број судари на Шумахер од почетокот на сезоната, екипата не успеа да произведе доволно нови делови.

Данецот беше две позиции подобар на квалификации од својот кколега, а заврши зад него на трка, но не смета дека тоа е показател на формата и перформансите со новиот пакет. Трката на Кевин беше уништена по контактот со Даниел Рикардо по што ФИА му даде насока да влезе во бокс по ново предно крило, односно му покажа црно-портокалово знаме.

добро е што носиме нови делови и тие работат на начин како што сакаме и не покажуваме знаци на дефект, се чини дека погодивме во целта. земавме се што можеме од последниот викенд во однос на податоци и тестирање и мислам дека видовме доста позитивни знаци.

мора да помине повеќе време за да донесеме перформанси преку оптимизација, но барем донесовме нови делови кои работат согласно очекувањата и гледаме дека имаме голем потенцијал – посочи к-маг.

Кевин призна дека бил загрижен во пресрет на викендот околу можноста новите делови да ги уништат перформансите како што беше случајот во Хаас во 2019 година. Тоа е беше последно нешто што треба да им се случи земајќи го во предвид одличниот тек на сеоната и освоените 34 поени до сега.

секако дека новите делови не се чекор назад, мојот болид работеше подобро и тоа е само позитивно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ