Марко: Фетел може да се пензионира поради лошиот болид

Се чини дека четирикратниот шампион Себастијан Фетел ќе оди во пензија, смета неговиот поранешен шеф, доктор Хелмут Марко. 

Германецот ја започна својата кариера во Академијата за млади возачи на Ред Булм потоа мина во Ферари каде се мачеше последната година и направи трансфер во  Астон Мартин, каде повторно не е стариот.

Нема светло на крајот на тунелот и мислам дека тој ќе се пензионира. Се зависи од развојот на болидот. Доколку копираа како што треба, ќе имаа брз болид. Ако има брз болид мислам дека ќе продолжи. 

Фетел за медиумите појасни дека размислува за нов договор во наредните недели. 

Се зависи од развојот на болидот и потенцијалот на тимот. Како што кажав неколку пати, не сакам да се борам за поени туку за победи. Ќе видам во наредните недели и ќе решам што е реално и колку енергија имам за раст заедно со тимот, Но во моментов не размислувам. Работам со тимот и сакам да одам напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ