Марк Вебер сигурен: Пјастри ќе стигне до Ф1

Поранешниот Формула 1 возач и победник на трки, Марк Вебер, човекот кој во моментов е менаџер на 20-годишниот Оскар Пјастри, е сигурен дека младиот австралијанец ќе стигне до Формула 1.

Лидерот во Формула 2 поредокот беше подолго време поврзуван со место во Алфа Ромео, но на крајот тимот од Хинвил се реши за услугите на кинезот Гуанју Жу. Пјастри, од друга страна, доби поддршка од Алпин и ќе биде нивни резервен, развоен и тест возач следната 2022 година.

апсолутно оскар пјастри има шанси за формула 1 тоа не е прашање дали, туку кога ќе се случи. убаво е да се види како во тркачката серија доаѓаат млади возачи. ако добие неколку сесии во алпин догодина, тоа е добар почеток, но како и да е, тие не сакаат да се откажат од него – потенцираше вебер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ