Маса се позагреан да ја добие титулата од 2008

Обидот на Фелипе Маса да спроведе истрага за Формула 1 сезоната во 2008 година станува се поинтензивен.

15 години откако Луис Хамилтон беше крунисан за прв пат за првак, неговиот тогаше ривал од Ферари сака да ги оспори резултатите, а по изјавата на Берни Еклстон кој објасни како се одвивала работата во таа контроверзна сезона со крашгејт скандалот. Имено, Нелсон Пике намерно се судри во Сингапур за да му дозволи поголема шанса на Фернандо Алонсо за победа, што беше клучно во губење на титулата, затоа што таквиот судар донесе влегување во бокс на лидерот Маса кој на крајот поради тоа остана без поени во сезона во која титулата ја загуби за само еден поен.

Берни дополни и дека тој како шеф на Формула 1 и претседателот на ФИА, Макс Мози, знаеле за инцидентот и начинот на кој била анипулирана сезоната, но не сакале да спроведат истрага оти биле свесни дека ќе влијае над резултатите. Согласно правилата кои важат во тркачката серија, по доделување на наградите на крајот од сезоната, поредокот не може никако да се промени.

Секако дека бразилецот Маса остана незадоволен што на таков контроверзен начин останал без титула и вети дека ќе ги испита случувањата. Според motorsport.com, бразилецот веќе составил тим од адвокаи кои го истражуваат во детали целиот случај, но и дека повеќе нема да дава јавни изјави за случајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ