Маса ја продолжува правната борбата за титулата од 2008

Бразилецот Фелипе Маса не се откажува од планот да ја тужи Формула 1 за титулата во 2008 година. 

Тоа е првата титула на Луис Хамилтон во која се случи аферата Крешгејт, каде Фернандо Алонсо победи, откако неговиот колега Нелсон Пике намерно се судри во ѕидот прекинувајќи ја трката. 

Зборував за тоа во Ферари и со тимските адвокати, но одлучивме ништо да не превземаме – своевремено изјави маса.

Но, сега Берни Еклстон изјави дека тој знаел дека сударот е намерен уште пред да се појави аферата. Бразилецот сега смета дека по изјавата на Берни има основ за тужба. 

Откако Берни зборуваше, сите разбравме дека имам шанса. Берни изјави дека тој и претседателот на ФИА знаеле се, но не направиле ништо за да не ја оштетат Формула 1. Тоа е погрешно бидејќи трката е украдена. Не сум адвокат, но знам што е погрешно и тоа е манипулација. 

Маса дури гледа и на слични инциденти од претходно во 2007 година во Мекларен кога се случи аферата Спајгејт. 

Во 2007 година, Мекларен го ископираа Ферари и беа дисквалификувани. Беа казнети за тоа што се случи. Во мојот случај немаше казна. Во сите спортови може да има промени само тука немаше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ