Маса се сомнева во трансферот на Алонсо во Астон

Фелипе Маса смета дека Астон Мартин ќе има огромна корист од неговиот поранешен колега, Фернандо Алонсо, но тоа не е така и во спротивната насока.

Во пресрет на Унгарското Гранд При, Себастијан Фетел посочи дека заминува од спортот на крајот на оваа година, така што ослободи место во тимот од Силверстон. Астон не чекаа многу и по крајот на тркачкиот викенд го потврдија Фернандо Алонсо како нивен возач за следната година на повеќегодишен договор.

Се работи за екипа со огромни амбиции и ресурси за успех во Формула 1, а во моментов се во инвестициски процес и носење на персонал за својата нова фабрика и воздушен тунел. Алонсо секако дека гледа голем потенцијал во екипата, но Маса смета дека тој нема да има корист од самиот тим.

прво, фернандо е страшен возач, имав шанса да ми биде колега во ферари, многу научив од него, така што по мене тој е на самиот врв во формула 1.

ми беше чудно да слушнам дека потпишал за астон мартин, искрено, мислам дека тимот може многу да добие со неговото искуство и знаење, но не знам дали фернандо ќе добие нешто со тоа што ќе вози за астон.

најважно за фернандо е да има силен болид со цел да покаже што може, а ако работите останат како во моментов, тој ќе се бори за да дојде до 10то, 11то или 12то место што него не го интересира – посочи маса.

Откако Астон со фабричка екипа се вратија во спортот, дојдоа само до еден подиум, а во моментов имаат освоено 20 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ