Маси се врати во падокот

Поранешниот директор за трка во Формула 1, Мајкл Маси, се врати во падокот за прв пат по контроверзната трка во Абу Даби во 2021 година. 

Тој беше критикуван за рестартот под безбедносно возило на крајот на трката каде се одлучи титулата помеѓу Хамилтон и Верстапен. Маси дозволи само некои од заостанатите болиди да продолжат напред, а подоцна Верстапен го престигна Хамилтон со нови софт гуми и ја освои титулата. По неколку недели тој беше сменет на функсцијата. 

Имав лоши денови. Мислам дека бев најомразениот на светот. имаше и смртни закани кон мене и моето семејство. Се сеќавам дека мораше да проверувам да не ме следи некој – се присетува австралијанецот.

Од тогаш тој ја превзете функцијата на директор за трка во австралискиот Суперкарс шампионатот кој ќе се вози на Алберт Парк претстојниот викенд. 

Хамилтон не сакаше да го коментира доаѓањето на Маси. До минатата година имаше двајца директори на трка, но оваа сезона има еден директор за трка и тоа Нилс Витич. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ