Маси ќе почне со работа во австралиски Суперкарс

Поранешниот директор за трка во Формула 1, Мајкл МАси, е пред нова функција, Претседател на Суперкарс Комисијата во Австралија.

По контроверзното финале на минатата сезона, Маси беше отстранет од својата функција, а неодамна откри дека ја нпушти и ФИА. Според некои извори од серијата, официјална потврда за новата улога на Маси може да биде објавена викендов.

Самиот Маси потекнува од Австралија и се проби во моторспортот откако почна токму во Суперкарс каде беше директор за трка во Австралија пред да направи трансфер во ФИА во 2018 година како помошник на Чарли Вајтинг од кого учеше занает.

По ненадејната смрт на Чарли, тој доби доверба да раководи со трките од отворањето на сезоната во Австралија во 2019 година. На таа функција остана се до крајот на минатата година кога беше отстранет поради контроверзиите од Абу Даби и на огромно инсистирање на Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ