Мајами едногласно за трка

Мајами е чекор поблиску до организација на втората Американска Формула 1 трка откако градот едногласно гласаше за организација на таков настан. Градот е најсериозен кандидат за организатор, а Либерти Медиа се решија да организираат и посебен Формула 1 настан таму оваа година.

Градот Мајами и Советот за економски и туристички развој едногласно гласаа за прелиминарен договор да се организира трка низ улиците на градот следната година.

Со едногласноста на Градот Мајами и Советот за економски и туристички развој задоволни сме што имаме прелиминарна дозвола да ја донесеме Формула 1 во Мајами. Знаеме дека ова е само почеток на процесот и веднаш се фаќаме за работа со различни страни, Градот, Пристаништето, Бејфронт Парк и други со цел да стигнеме до конечен договор колку што е можно побрзо.

Формула 1 во Мајами претставува фантастична можност да се донесе најголемиот тркачки спектакл на планетата во еден од најпрепознатливите градови во светот – изјави Шон Брачес, Комерцијалниот шеф на тркачката серија.

Иако за термините сеуште не е разговарано, логиката вели дека трката би требало да се одржи во Октомври, пред или по трката на Патеката на Америките во Остин, Тексас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ