Мајами со нови промени за повозбудлива трка

Америка се подготвува за три Формула 1 трки оваа година, а Мајами е прва трка во календарот на Формула 1 во САД.

По нивното деби во 2022 година, организаторите во Мајами направија мали промени на патеката. Уникатноста на местото за Големата Награда на Мајами ќе биде проширена во 2023 година, при што настанот ќе има некои неверојатни надградби, како што е Формула 1 падокот кој ќе биде лоциран во стадионот Хард Рок.

Првото издание на трката во 2022 година беше успешно, иако некои возачи, вклучувајќи ги Макс Верстапен и Серхио Перез, побараа мали промени на површината на патеката. Тајлер Еп, претседател на Гранд При на Мајами, во ексклузивно интервју за RacingNews365 открива дека ги слушале повратните информации на возачите и ги детализирале промените што се прават на патеката.

Одлучивме да го тргнеме горниот слој од асфалтот – коментира Еп.

Работевме со дизајнерите на патеката и развивме површина за којa мислиме дека ќе работи многу добро, а последниот дел беше поставен вчера.

Значи, имаме комплетна тркачка патека. Сè уште треба да ги поминеме последните завршни процеси кои ќе ги работиме во следните шест недели, но ќе биде подготвена на почетокот на Мај.

Еп продолжи да коментира за промените што се прават со цел да се подобрат изгледите за претекнување за трката во 2023 година:

Нема значајни промени во целокупниот распоред, но ги слушавме советите на возачите, ФИА и Формула 1 во врска со шиканата на свиоците 13, 14 и 15. Сменивме некои ленти за излетување, заедно со позиционирањето на Текпро бариерите, но позиционирањето е диктирано од ФИА.

Верувам дека тие работат и на средината на свиокот 15. Ова нема да биде забележливо за гледачот, но ќе има мало влијание да се обиде да го подобри тркањето низ тој дел.

Се вративме и разговаравме со нашите партнери во ФИА и Формула 1, и тие ни дадоа многу фер повратни информации за минатата година. Во голема мера, бевме навистина среќни со она што се случи.

Со оглед на тоа што трката во Мајами се покажа како популарен спектакл, Еп ја повтори желбата на местото да биде дел од културата на Мајами и во моторспорт заедницата.

Мислам дека Мајами е град на настани. Луѓето сакаат да одат на големи настани, а има одлични настани во нашата заедница и мислам дека бевме еден од тие минатата година – додаде Еп.

Веруваме дека има фантастична автомобилска култура во Јужна Флорида, веруваме дека таму има моторспорт трки кои се подеднакво добри како сите во САД.

Нашата работа е да допреме до тие заедници, да ги изградиме тие односи и да ги донесеме на меѓународниот автодром во Мајами и да им покажеме каква може да биде Формула 1 во многу од нивните матични градови.

Со континуираната инвестиција во развојот на настанот за 2023 година, Гранд При трката во Мајами се обидува да стане една од главните трки во календарот. Сепак, со трендот новите места да станат ноќни трки, претседателот на ГП на Мајами ја отфрли можноста настанот да го стори истото:

Јас сум пристрасен кон ноќните трки бидејќи мислам дека тие се убави средини. Навистина уживав во Сингапур. Никогаш не би рекле никогаш, но нема непосредни планови во овој случај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ