Мајкл Андрети очекува одговор од ФИА во Јули

Мајкл Андрети беше посетител на Гранд При трката викендов о Мајами и ја искористи можноста да одговори на новинарски прашања во врска со напредокот на неговиот план за сопствена Формула 1 екипа на гридот.

Минатитенеколку години тој дава се од себе да ја убеди ФИА и останатите екипи за да му дозволат влез во спортот. Тој има намера да ги задоволи сите услови, а нема проблем ни со плаќање на 200 милиони долари влез на име разводнување на добивката за останатите екипи.

цел е наскоро да имаме сопствена екипа на гридот и работиме напорно на тоа. на средина сме од процесот со фиа, ја поднесовме документацијата официјално неделава и се наедваме дека ќе добиеме одговор до средина на јули, така што напредокот е добар. веќе работиме под полна пареа и се се случува согласно распоредок, правиме тим како што зборувам со вас – посочи андрети.

Тој потврди дека сака да го постави својот тим на гридот во 2025 година, две години од сега, секако, со поддршка на Кадилак од кого наскоро се очекуваат повеќе детали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ