Медиумите мора да имаат пристап на празните трки

Би било голема грешка доколку се забрани пристап на медиумите на трките без публика, смета уредникот на Auto Motor und Sport, Михаел Шмид. Германецот се сомнева дека само тие што пренесуваат Формула 1 на телевизија ќе може да бидат на трките.

Замислете дека право на информации ќе имаат само оние кои пренесуваат преку телевизија. Владата треба да ни покаже што сака од нас, во спротивно Тоа би било ситуација како во Кина каде се прекршуваат правилата на слободните медиумил.

Може да се тестираме како било кој друг член на екипите. Во Мелбурн беше заразен механичар не член на медиумите. Кога сумна трка како репортер можам да ја видам реалноста и заедно со ТВ преносот да ја вклопиме целата слика.

Доколку останам дома ќе зависам од информациите кои ќе ни ги дадат – појасми шмид.

Тој изјави дека Формула 1 може да има порблем доколку тимови и возачи имаат контакт со медиумите надвор од патеката.

Најлоши се прес конференциите  каде има прашања веќе подготвени. Некои возачи веќе одговараа на сличен начин на социјални медиуми и тоа е лошо. Оваа пракса може да продолжи и по кризата.

Медиумите се трудат да допрат до што повеќе фанови и сите оние кои сонуваат за трки без публика треба да го запамтат тоа. Доколку не сме на патеките тогаш трките навистина ќе останат без публика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ