Мекларен мислеле дека болниот Пиастри ќе ја пропушти трката

Шефот на Мекларен, Андреа Стела, признава дека тимот не знаел дали болниот Оскар Пиастри ќе може успешно да го заврши викендот за Големата Награда на Азербејџан.

Италијанецот призна дека во постоела можност австралијанецот да пропушти дел од саботната спринтерска трка за да се фокусира на тоа да биде подготвен за главниот настан во Недела. На крајот, Пиастри во голема мера го импресионираше тимот со тоа што не само што го заврши викендот туку и се пласираше на 11то место во трката.

Имавме неколку моменти за време на викендот во кои требаше да оцениме дали е подобро да се одмори за да се увериме дека ќе биде добар за недела – рече Стела на прашањето за Пиастри.

Значи, со сигурност можам да признаам дека ја направивме оваа евалуација неколку пати, бевме многу добро поддржани од нашиот тимски лекар.

целокупната медицинска поддршка би сакал да признаам беше одлична во асистирањето на Оскар, како и неговиот тим.

Но, Оскар отсекогаш беше многу смирен и побара да се обидеме, да седне во болидот. Ќе се вратеше во бокс ако не беше во можност да продолжи.

Најде начин за да помине низ сесиите, Но во неколку моменти помисливме да биде спремен за недела.

Стела призна дека природата на уличната патека во Баку направила уште поголем стрес за Пиастри, кој беше единствениот од тројцата дебитанти во Формула 1 кој немаше голема несреќа за време на викендот.

Тоа е една од најтешките трки, поради тоа колку се приближувате до ѕидовите. Има момент кога го допирате ѕидот како што видовме дека многу возачи го направија тоа овој викенд, така што дефинитивно е патека што бара многу компетентна луцидност и голема концентрација. Оскар пренесе дека на моменти бил исцрпен.

По трката, Пиастри храбро признава дека бил тежок викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ